За нас

ДПТУ "КОНЕКТЕЛ-МК" ДОО работи во сферата на текомуникациите речиси 10 години, главно преку увоз, продажба и сервисирање на телекомуникациска опрема, но и преку проектирање, инженеринг или барање најповолни решенија за своите клиенти, увоз на специфични електронски компоненти или прибор, пренапонска заштита или системи за тестирање и одржување на батериите, овозможувајќи им на стопанствениците во земјата пристап и користење на најновите технолошки иновации на светскиот електронски пазар. Исто така, на своите клиенти им нуди два објекти за сместување репетитори или предаватели за радио или ТВ програма, специјално градени на најповолна локација и опремени со решеткасти столбови и стабилни извори за редовно и резервно напојување.

Најголемиот дел од комуникациската опрема, вклучувајќи ги и програмата на "MOTOROLA" и на други водечки светски производители на таа опрема, ја обезбедуваме работејќи како овластен дилер на американската компанија Connectel Inc. Со солидна услуга и умерени цени, "КОНЕКТЕЛ-МК" има купувачи во речиси сите градови на Македонија, а меѓу нив се најголемите такси компании, службите за прва помош, шумските стопанства, трговии на големо и сл.

Сервисирањето на телекомуникациската опрема во и вон гарантниот рок се обавува во сервис добро опремен со мерни инструменти и снабден со резервни делови. Сервисот им е на располагање на сите сопственици на радио станици MOTOROLA, YAESU и др., а со некои од поголемите такси компании во Скопје имаме склучени годишни договори за одржување на нивните радио системи.

Вклучувајќи се во барањето решение за постојаните проблеми и огромните штети од удари од гром и други појави на преголем напон во системите за врски на Армијата и Полицијата на РМ, компанијата повеќе години работи како ексклузивен дистрибутер и испорачува производи за заштита од преголем напон од реномираниот чешки производител "HAKEL". Широката палета нивни производи ги покрива сите можни места на појава на преголем напон во електричната мрежа, телефонските линии, антенските и водовите на мрежи за пренос на податоци, видео камери и сл., како во индустриските објекти и фабриките, така и во помалите административните и станбени згради.

Масовно користење на рачни радио станици и мобилни телефони без квалитетни батерии не е возможно, а нивната цена надминува 1/10 од вредноста на уредот. Најдобрите и најкомплетни анализатори на состојбата на батеријата, тестирање и рекондицирање за речиси двојно подолг работен век на батериите од сите технологии (NiCd, NiMh, LiO и др.) ги нуди канадската фирма CADEX, а чисто ексклузивен дистрибутер за Македонија е фирмата "КОНЕКТЕЛ-МК".

Во наредниот период понудата на "КОНЕКТЕЛ-МК" ќе се прошири со дигитални безжични системи за говорни и компјутерски комуникации, дигитални системи за снимање во DVD технологија, GPS и уреди за локација, радио линкови и т.н.

телефон +389 2 2700709
факс +389 2 2700740
е-маил: connectel@connectel.com.mk

Адреса:
Ул. Рилски конгрес 99
1000 Скопје